Откако ги видовме „протечените“ фотографии, а потоа и поквалитетните официјални фотографии, сега ги имаме официјалните податоци за новиот Mercedes SL, како и неколку интересни видеа!
Какви мотори ќе се нудат во SL?
Во Европа, новиот SL (барем за почеток) ќе се во две верзии – SL350 и SL500. „Послабиот“ SL350 ќе доаѓа со 3.5 литарски, V6 бензински агрегат кој ќе испорачува 302 коњски сили и 370 Nm вртежен момент – доволни да го придвижат до 100 километри на час за 5.9 секунди, до максимални 250 (електронски ограничени) километри на час.
Посилниот SL500 ќе биде опремен со 4.7 литарски V8 мотор, надополнет со два турбо-полначи. Вака нахранетиот SL ќе има 429 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Ќе забрзува до 100 километри на час за 4.6 секунди. За жал, и овој модел е ограничен на 250 километри на час.
Интересни се бројките за потрошувачката. Според Mercedes-Benz, SL350 ќе троши само 6.8 до 7.5 литри гориво на 100 изминати километри во комбинирани услови, а големиот SL500 до 9.2 литри во комбинирани услови. Иако бројкиве се за почит, сепак не сметаме дека се реални. Сепак, сите тие коњи ќе сакаат да се најадат и напијат.
Беше спомнат некој дизел мотор?
Да, шпекулациите за дизел верзија на SL одамна се вртат (Mercedes Benz еднаш дури направи концепт SL со дизел мотор). Нема никакви официјални информации сега за сега, но воопшто не би не изненадил таков потег.
Мерцедес секогаш бил иноватор, дали и сега е тоа така?
Да, апсолутно! Новиот модел е до 140 килограми полесен од својот претходник, а тоа е благодарение на користените лесни легури, како и магнезиумот во разни делови од каросеријата. На пример, тврдиот покрив кој за само неколку секунди го снемува во багажниот простор е направен од магнезиум, а тоа значително го олеснува.
Тука се и системите за контрола на концентрацијата и заморот на возачот, прскалките за вода вградени во самите бришачи на ветробранското стакло, како и FrontBass системот кој користи делови од каросеријата за да го подобри басот од звучниците!
Дајте ги видеата!
Повелете: