Lexus и Honda со нови концепти во Детроит! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus и Honda со нови концепти во Детроит!

Тукушто заврши авто-салонот во Токио, а Јапонците веќе најавуваат нови концепти со кои ќе ја продолжат борбата. Во Детроит Honda ќе ни го прикаже наследникот на легендарниот NSX, а Lexus спортско возило!

Уште не се оладиле светилките од салонот во Токио, а веќе се подготвуваат новитети за Детроит. Детроитскиот авто-салон е место каде што веќе традиционално Американските производители ги покажуваат своите нови концепти и модели, но изгледа дека годинава Јапонците ќе се обидат сериозно да им ги заплеткаат конците.

Lexus веќе прикажа teaser фотографија од својот следен концепт, а Honda потврди дека ќе ни го покаже (како концепт) наследникот на легендарниот Honda NSX! Нам ни останува само трпеливо да чекаме до 9ти Јануари, за кога е закажан почетокот на саемот.

Нова Honda NSX? Конечно?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.