Toyota размислува за наследник на легендарната Supra? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota размислува за наследник на легендарната Supra?

Дали јапонскиот гигант подготвува наследник на легендарната, омилена меѓу тјунерите, Toyota Suprа?

Во неодамнешно интервју, главниот инженер на Toyota – Tetsuya Tada изјави дека би сакал неговата компанија да произведе уште два спортски автомобили покрај само што претставениот GT86. И тоа едниот помал, а другиот поголем од GT86.

Тој дури изјави дека поголемиот модел би можел да биде директен наследник на Supra-та, но дека директорите сеуште не го одобриле проектот. Сепак, гласините се дека ќе го видиме наследникот веќе во 2014-та и дека и тој модел ќе биде развиен заедно со Subaru.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.