Opel Astra GTC by Steinmetz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Astra GTC by Steinmetz

Иако во многу земји сеуште не е ни излезена во продажба, тоа не ги спречи тјунерите од Steinmetz да ни ја презентираат нивната визија за тоа како Astra GTC би требало да изгледа.

Бодикитот вклучува изменети предни браници, мал заден спојлер, изменета маска како и спортски пружини кои го спуштаат купето за цели 30 mm. Сликата ја надополнуваат уникатната боја (која мене ми изгледа како да не е дофарбана колата), големите 19-инчни тркала и уште некои ситници.

Во внатрешноста има ситни измени, како и дигитален покажувач на брзината во која е возилото. Ништо спектакуларно, а нема ни никакви информации за било какви промени во перформансите. Сепак, интересно е да се види што може тјунерите да направат од веќе навистина привлечната Astra GTC.

Според некои информации кои ги имаме, стандардната Astra GTC треба да се појави во Македонија веќе во Јануари, а ние со нетрпение ја очекуваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.