Hennesey Venom GT Spyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hennesey Venom GT Spyder

Имате 1.1 милиони долари за трошење? Hennesey ќе ви ја даде нивната визија за тоа како треба да изгледа (и вози!) Lotus Elise, за токму таа сума!

Спецификациите на Venom GT се повеќе од импресивни. Започнува како продолжена верзија на Lotus Elise (на која што навистина и наликува, за волја на вистината), но во неа оди огромен, 6.2 литарски V8 мотор. На моторот „нежно“ му дишат два прилилно големи турбо-полначи, па бројките се следните:

  • 1200 коњски сили!
  • Над 1500 Nm вртежен момент!
  • 100 километри на час за 2.5 секунди!
  • Максимална брзина од 440 километри на час!

Решени да ја продолжат успешната приказна на Venom GT, од Hennesey најавуваат и Spyder верзија – како „обичната“ изведба да не е доволно ненормална? Ако се чувствувате храбри и ако 1.1 милион долари ви горат дупка во џебот, повелете! Hennesey ќе направи само пет примероци, од кои два се веќе резервирани!

Џеј Лено сигурно може да си дозволи еден примерок, погледнете што мисли тој!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.