Еден од нашите омилени концепти кои се појавија неодамна е токму Takeri концептот на Mazda. Во Токио веќе наголемо се зборува дека токму вака ќе изгледа новата Mazda 6!
Она што е интересно е дека на авто-салонот во Токио, Mazda го прикажа Такери со дизелски агрегат – новиот SKYACTIV-D дизелски мотор со капацитет од два литри. Но покрај интересниот нов дизел мотор, тука е и i-ELOOP системот. i-ELOOP (или Intelligent Energy Loop) е систем кој кинетичката енергија ја претвора во електрична, но не користи батерии за складирање на енергијата. Системот користи кондензатор и специјален алтернатор кои многу ефикасно ја складираат енергијата.
Според Мазда, комбинацијата на овој систем и SKYACTIV-D моторот ја намалува потрошувачката за дополнителни 20 проценти, и му дава на Takeri импресивна автономија од 1500 километри!