На овогодинешниот авто-салон во Токио домашните производители се во полн ефект, и уште на првиот ден видовме многу концепти. Во првиот дел ви пренесуваме концепти од Toyota, Honda, Subaru и Daihatsu.
Годинава има навистина многу концепти во Токио. Со желба да ја покажат својата иновативност и креативност Јапонците навистина ти отстраниле сите препреки и напаѓаат со бројни и интересни концепти. Во првиот дел ќе ги погледнеме Daihatsu D-X, Subaru Advanced Tourer Concept, Honda AC-X и FCV-R и GRMN на Toyota.
Daihatsu D-X
Малиот D-X (или D-Cross како што од Daihatsu) велат дека се изговара. Е мало возило мое може да се трансформира во повеќе изведби. Само 3.4 метри долг, 1.5 метри широк и 1.3 метри висок, D-X е навистина компактен модел.
Subaru Advanced Tourer Concept
Нека биде новиот Legacy. Нека биде новиот Legacy. Нека биде новиот Legacy. Subaru, ве молиме, нека биде новиот Legacy!
Honda AC-X
Вториот концепт кој Honda го прикажа во Токио, AC-X има 1.6 литарски бензински мотор со моќност од 127 коњски сили, но и електричен мотор со моќност од 161 коњски сили. Може да помине до 50 километри само на струја, но комбинираната автономија му е над 1000 километри!
Toyota FCV-R
Концептот FCV-R е придвижуван од водородна горивна ќелија. Резервоарот за водород под висок притисок е поставен ниско во каросеријата и би требало на FCV-R да му овозможи да помине околу 700 километри со еден полн резервоар. Димензиите се слични со оние на хибридниот Prius.
Toyota GRMN Sports Hybrid
GRMN е базиран врз веќе излезената од производство Toyota MR2. Името значи „Gazoo Racing tuned by the Meister of the Nürburgring“ – кој е името кое го носеше скоро-починатиот Hiromi Naruse. Тој загина тестирајќи го Lexus LF-A Nurburgring Edition. Придвижуван од 3.5 литарски V6 со 249 коњски сили и електричен мотор, вкупната моќност е 299 коњски сили а тежи 1500 килограми.