Brabus SLS Roadster – Кабриолет за храбрите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus SLS Roadster – Кабриолет за храбрите!

Сигурно ги знаете Brabus – тоа се оние налудничавите Германци кои ги земаат веќе моќните модели на AMG и ги навиваат до 11-ка!

Најновиот пример за налудничавоста на инженерите во Brabus е токму кабрио верзијата на SLS AMG супер-автомобилот. Но од Brabus се погрижиле повторно да останеме без здив, а токму тоа сме навикнати да го очекуваме од нив. Тие не се од оние тјунери кои ќе стават големи тркала на автомобилот, ќе го сменат софтверот на моторот и ќе го наречат „специјална едиција“. Не, Brabus детално ги обработува своите модели и кога од нив ќе се појави нешто ново, сите внимателно гледаме и слушаме.

Што значи тоа?

Кратко и јасно – 611 коњски сили и соодветно голем вртежен момент, максимална брзина над 300 километри на час и сеуште непознато забрзување до 100 километри на час. Задоволни? Повеќе детали ќе знаеме по Essen Tuning Show кое треба да се одржи од 26ти Ноември до 4ти Декември.

А естетски?

Brabus SLS Roadster е со приметливо изменета надворешност и внатрешност. Приметливи се деталите од карбонски влакна – предниот и задниот спојлер, страничните прагови, задниот дифузер, како и големите Brabus Monoblock F Platinum Edition од 20 или 21 инч и уште многу ситници. Во внатрешноста е совршено изработениот Brabus ентериер со посебна кожа и алкантара – едноставно, прекрасно место да се седи.

Ќе имаме повеќе информации кога ќе започне тјунинг шоу-то во Есен, но сигурни сме дека бројките за забрзување и максимална брзина ќе бидат импресивни. Во меѓувреме, уживајте во галеријата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.