Кои се најпрофитабилните возила? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кои се најпрофитабилните возила?

Направена е анализа на најпрофитабилните возила за изминативе 20 години и резултатите ќе ве изненадат!

Интересно е да се знае кои се најпрофитабилни модели на производителите. Аналитичарот Max Warburton и неговиот тим од Bernstein Research од Лондон по долготрајно истражување стигнале до одговорот. Според нив, најпрофитабилни се возилата кои имаат високи цени, се произведени во големи бројки и се произведуваат долго време за да се оправда трошокот за развој.

Но исто така интересно е и што на врвот на листата се наоѓаат популарните pickup trucks од Американскиот пазар, а тука се и Mercedes Benz и BMW со свои модели. Целосната листа на 12 најпрофитабилни автомобили во изминативе години е следната:

1. Ford F-Серија
2. GM големи pick-up возила
3. Dodge Ram
4. Mercedes S Класа
5. BMW Серија 5
6. BMW Серија 3
7. Mercedes Е Класа
8. Lexus RX
9. Jeep Grand Cherokee
10. Honda Accord
11. Porsche 911
12. Toyota Camry

Ако ги исклучиме американските камиони кои се на врвот, можеме да забележиме дека на листата се наоѓаат возила кои се продаваат глобално и имаат голема продажба, но и модели кои се навистина скапи, а детал кој мораме да го забележиме е дека возилата се исклучиво од Германски или Јапонски производители. Но Американските камиони и нивната профитабилност воопшто не се изненадувачки, бидејќи е познато дека тие не се скапи за произведување а имаат огромни профитни маргини.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.