Дискусијата за зимските гуми трае веќе долго време – дали вредат или не? Се надеваме дека со следното видео конечно ќе ви го одговориме тоа прашање!
Колегите од AUTO EXPRESS направиле навистина одличен тест. Земале најобичен SEAT LEON и го однеле во Шведска, скоро на северниот пол, каде што во реални услови направиле споредба помеѓу возење со зимски и летни гуми на снег и на дожд.
Резултатите се фрапантни! На снег, возилото со зимски гуми запира од 30 милји на час (околу 50 километри на час) за 27 метри, а тоа со летни 85 метри – цели 58 метри повеќе!
Интересни се и резултатите за кочење во мокри услови (но без снег), кога температурите се под седум степени. При брзина од 50 милји на час (околу 80 километри на час) возилото со зимски гуми запира за 35.5 метри, а со летни гуми за 42.5 метри – или 7 метри повеќе! Во градски услови, ова може да биде навистина драстична разлика.
Но, да не ви зборуваме ние повеќе. Погледнете го видеото, а ние се надеваме дека ова конечно ќе го одговори прашањето за зимските гуми.