Промовирана пред неколку дена, Opel Astra OPC најавува одлични перформанси – а за тоа е ќе биде задолжен турбо моторот со 280 коњски сили!
Како и претходната генерација, и оваа ќе има повеќе коњски сили од конкуренцијата. 2-литарскиот турбо мотор ќе испорачува импресивни 280 коњски сили! Сеуште немаме конкретни детали околу перформансите, но сигурни сме дека тие ќе бидат импресивни.
Дизајнот е агресивен и спортски, a додатоците како Brembo кочниците, напредниот спортски FlexRide систем и механичиот преден диференцијал со ограничено пролизгување најавуваат импресивни перформанси и максимална способност на патот. Со нетрпение ја очекуваме!
Доколку сакате, можете да ни се придружите во дискусијата за Opel Astra OPC на нашиот форум.