Сигурно сите сте ги виделе GYMKHANA видеата на налудничавиот Ken Block. Бидејќи е Недела, а надвор е ладно, ви нудиме една ретроспектива на неговите лудории.
Целата фама околу Кен Блок и Gymkhana започна со првото видео – Gymkhana Practice. Дотогаш незабележаните егзебиции го привлекоа вниманието на целата Интернет публика.
По првото, се појави и второто видео, каде Block ја замени својата Impreza WRX STI со понов модел, и продолжи со своите лудории и егзебиции.
По ова видео, Ken Block ја објави својата соработка со FORD, а од таму дојде и неговото ново возило – малата, но добро набилдана Ford Fiesta му овозможи на Block да го сними дотогаш најлудото видео, во l’Autodrome во Франција. Сеуште не разбравме што сака да каже со “Obama can’t Gymkhana”.
Конечно, пред неколку месеци, Ken Block ни го претстави и најновото издание на Gymkhana серијалот – GYMKHANA FOUR, THE HOLLYWOOD MEGAMERCIAL! Со користење на теми и идеи од популарни филмови Ken Block ни даде едно екстремно видео, кое многумина ги остави со подзинати усти. Уживајте!