Во петокот вечер, CARclub скромно го прослави својот прв роденден! Членовите кои дојдоа од многу градови низ Македонија направија одлична атмосфера, и забавата нема набргу да ја заборават!
80-тина расположени луѓе ни ја направија честта да ни се придружат и да ни помогнат да направиме одлична забава. Тие што пропуштија, можат само да ни завидуваат! Ние уште еднаш ќе им се заблагодариме на сите кои дојдоа, од многу градови низ Македонија – Охрид, Виница, Струмица, Гостивар, Битола.. Ако сакате, можете да се придружите на дискусијата за прославата и да видите уште повеќе фотографии на нашиот форум.
Мораме да им се заблагодариме и на домаќините од Гран Клуб, кои не примија со широко отворени раце и ни обезбедија навистина одлично место за дружење, како и DJ Game Over кој се погрижи да имаме добра музика во текот на целата вечер!