ПРЕМИЕРА: Singer Dynamics & Lightweighting Study – Дали е ова најдобриот воздушно-ладен 911 на сите времиња? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Singer Dynamics & Lightweighting Study – Дали е ова најдобриот воздушно-ладен 911 на сите времиња?

Добро-познатите Singer и експертите од Williams Advanced Engineering го подготвија она што го гледате – 1.5-милиони евра вредниот Dynamics & Lightweighting Study кој сме убедени дека е најдобриот воздушно-ладен 911 на светот!

Singer ги знаете многу добро, a Williams Advanced Engineering се оние момците од Формула 1. Нивната соработка резултира со она што го гледате – идеалниот воздушно-ладен Porsche 911. На вообичаеното место се крие 4-литарски шест-цилиндерски мотор со четири титаниумски вентили кај секој цилиндер, уникатен систем за подмачкување, магнезиумски компоненти и многу, многу решенија инспирирани од Ф1. Резултатот на сето тоа се 500 коњски сили на стратосферски 9000 вртежи во минута.

Каросеријата е изработена од карбон и развиена со помош на Computational Fluid Dynamcs (CFD). Аеродинамиката е подобрена благодарение на новиот преден сплитер, редизајнирани отвори за воздух, специјален канал на кровот и отвори за воздух кај спојлерот. Интересно е што автомобилот има и ABS и ESC контрола за стабилност (благодарение на Bosch), a дел од приказната е и шест-степен мануелен менувач од Hewland, карбон-керамички сопирачки од Brembo, уникатни, специјално-изработени 18-инчни тркала од BBS обвиени во Michelin Pilot Sport 2 пневматици, специјални карбонски седишта од Recaro и супер-кул карбонски управувач од МОМО.

Сето ова чини околу 1.5 милиони евра. Најавено е дека ќе бидат произведени ограничен број примероци, па ако го сакате ултимативниот воздушно-ладен 911… Побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.