Mazda ја најавува својата иднина со Vision Coupe и Kai концептите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda ја најавува својата иднина со Vision Coupe и Kai концептите!

Концептите кои Mazda ги подготви за Саемот на Автомобили во Токио ја најавуваат иднината на брендот – и иднината изгледа одлично!


Vision Coupe е всушност седан со четири врати, и е своевидна најава за следната генерација на Mazda 6 – или дури можеби и поголем и полуксузен модел. Концептот го карактеризираат агресивниот преден дел со голема маска на ладилникот, ниската профилна линија и остриот заден дел. Сега за сега не знаеме што го придвижува концептот, но гледаме големи Brembo сопирачки и четири завршетоци на издувот.

Погледнете подобро и ќе забележите и панорамски кров, скриени рачки на вратите и мноштво дискретни дизајнерски детали. Во кабината добиваме кожен ентериер и детали од дрво.

Од друга страна, Kai концептот е најава за следната генерација на Mazda 3, и е многу поблиску до сериски модел. Интерпретацијата на KODO дизајнерскиот јазик е модернизирана и заострена – и навистина ни се допаѓа како изгледа. И тука доминира голема маска на ладилникот, но според она што го кажуваат од Mazda, Kai е многу блиску до она што ќе биде сериски модел. На задната страна светлосните групи наликуваат на оние кај новата CX-5, а дизајнот во кабината е минималистички и динамичен.

Останува само да ги почекаме сериските автомобили и да видиме колку детали од овие концепти ќе ја видат светлината на денот.

Mazda Vision Coupe

Mazda Kai Concept



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.