Славиме Fiesta – Среќен 40-ти роденден Ford Fiesta! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Славиме Fiesta – Среќен 40-ти роденден Ford Fiesta!

Еден од најпопуларните модели на Ford – успешната и привлечна Fiesta го слави својот 40-ти роденден, па по тој повод добива и специјална, роденденска цена!

Малата Ford Fiesta ни е еден од омилените модели во класата! Компактниот хечбек на Ford е успешна приказна која трае веќе 40 години, и ги заслужува сите признанија и награди кои со годините ги има земено.

slavime-fiesta1

Кога во 1976 година за прв пат е лансирана Fiesta, никој не претпоставил каков глобален успех ќе оствари токму овој автомобил на Синиот Овал. Денес, таа е најпродаваното мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. Без оглед на тоа што времињата и технологиите се менуваат, Fiesta и понатаму на потрошувачите им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси. Еволуцијата која трае веќе 40 години ја направи Fiesta најомилениот и најпродаваниот автомобил во својот сегмент, но и во Македонија дури 4 години по ред.

slavime-fiesta2

Ние решивме да и отстапиме на Fiesta малку повеќе простор, па викендов поканивме неколку сопственици нa Fiesta да ја запознаат токму најновата (и Trend-овска) изведба на малиот хечбек и малку неформално да се дружиме. Покрај „нашата“ Fiesta, имаше и модели од минатите генерации, но и една Fiesta која можеби е најстарата во Македонија – а за тоа им благодариме на нашите пријатели од Ford Club Македонија.

slavime-fiesta3

Сепак, можеби и најважниот детал околу 40-годишнината на Fiesta е и продажбата кампања која го носи токму овој слоган – СЛАВИМЕ FIESTA – и на потенцијалните сопственици ќе им ја понуди Fiesta по навистина привлечни цени. Веќе стартуваше кампањата со роденденски цени на Fiesta – и можете да ја добиете за 9.990 Евра со бензински мотор, односно за 10.990 евра со одличниот (и економичен) турбодизел! За повеќе информации, обратате се кај нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс, односно на Ford.mk.

Не чекајте, побарајте тест возење!

Фотографија: Дејан Маликовски

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.