Новиот знаменосец на гамата на Renault – големиот седан кој го носи името Talisman – пристигна во салонот на Аутомотив Груп во Скопје!
Знаменосецот на францускиот производител Renault е вистински новитет – нова платформа, нов дизајн, ново име! Големиот седан, за кој веќе неколку пати пишувавме, пристигна и кај нас, и при првиот контакт – изгледа модерно и привлечно.
Достапен во две изведби – седан и караван – новиот Talisman се издвојува од конкуренцијата благодарение на авантгардниот дизајн кој е дело на Laurens van den Acker и ветува многу можности за персонализација, но и одлична безбедност – веќе освои пет ѕвездички на EuroNCAP тестирањата. Во понудата се неколку турбо-бензински и турбо-дизел мотори, а цените започнуваат од 25.500 евра за Talisman Life Energy dCi 110. Врвот на дизелската понуда е Initiale Paris Energy dCi 160 кој чини 43.000 евра.
Понудата кај бензинците започнува со Energy TCE 150 кој чини рамно 30.000 евра, а на самиот врв е Initiale Paris Energy TCE 200 кој чини 41.000 евра. Достапна е и Talisman Grandtour караванската изведба, коа чини од 27.000 евра за основниот турбодизел, односно 32.000 евра за основниот бензинец. Вреди да се напомене дека уште во основното ниво на опрема, Talisman доаѓа со навистина многу играчки.
Talisman може да се погледнете во салонот на Renault во Скопје!