Еден од најважните автомобили кои се појавија во изминатата година пристигна кај нас – јапонскиот роудстер Mazda MX-5 пристигна во Скопје!
Малиот MX-5 ветува многу забава зад воланот и неповторливо искуство под отворено небо. Купувачите ќе можат да одберат меѓу 1.5-литарски и 2-литарски бензинец – едниот со 130, другиот со 160 коњски сили. На располагање стојат веќе добро познатите нивоа на опременост на Mazda – од основното ниво Emotion, па сè до врвно-опремениот Ultimate.
Доколку одберете MX-5 со 1.5-литарскиот SKYACTIV-G 130, ќе добиете забрзување до 100 километри на час за 8.3 секунди и максимални 204 километри на час. Одберете го поголемиот 2-литарски SKYACTIV-G 160 и ќе добиете забрзување „до стотка“ за 7.3 секунди и максимална брзина од 214 километри на час – и сето тоа под отворено небо!
Цените започнуваат од 23.998 евра за основниот бензинец со основното ниво на опрема, па одат сè до 33.480 евра за Mazda MX-5 2.0 SKYACTIV-G Ultimate. Повеќе информации можете да добиете во салонот на Стар Моторс.