Неколку месеци по претставувањето на седан изведбата на Tipo, Fiat ја надополнува гамата со компактна и караванска верзија.
Хечбек изведбата е најзначајна за Европскиот пазар, а Италијанскиот бренд играл на сигурна карта со нејзиниот дизајн. Дизајнот е прилично конзервативен без експериментирање, како што веќе видовме кај седанот. Сепак, во задниот дел продолжениот багажник е заменет со поисправено задно ветробранско стакло со петта врата и светлосни групи во форма на бумеранг.
Третиот член, караванската изведба располага со продолжен покрив, трет страничен прозорец, зголемен багажен простор, идентични светла како компактот, како и нови кровни шини кои се вообичаени за секој караван во денешно време.
Погонските единици за двата модел ќе бидат преземени од седанот. Тука се вклучени два Multijet II дизели и два бензински агрегати со сила помеѓу 95 кс и 120 кс, достапни со пет или шест-степени мануелни или шест-степен автоматски менувач.