Новиот хечбек на Opel го освои едно од најпрестижните автомобилски признанија – официјално е избран за Европски Автомобил на Годината за 2016!
Opel Astra е Европски Автомобил на Годината за 2016! Жирито кое го бира Европскиот Автомобил на Годината е составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји – и со вкупно 309 поени ја избра Astra за овогодинешната кралица. На второто место се најде Volvo XC90 со 294 поени, а веднаш зад него е Mazda MX-5 со 202 освоени бодови.
Трофејот е веќе во рацете на Opel – шефот на Opel, Др. Карл-Томас Нојман го презема од претседателот на изборот, Хакан Матсон. Astra ја понесе круната меѓу 7 други одлични кандидати, а воедно е и овогодишен канидат за Автомобил на Годината во Македонија.
„Новата Astra е почеток на нова ера во Опел, а победа на овогодинешниот избор покажува дека сме на вистински пат“ – рече Др. Карл-Томас Нојман – „Чест ни е да примиме ваква престижна награда од водечките автомобилски новинари.“