Mazda со две европски премиери во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda со две европски премиери во Женева!

Јапонскиот производител во Женева ќе претстави две премиери – едната ќе биде ултра-економична верзија на Mazda 3, а втората ќе биде европското деби на спектакуларниот RX-Vision!

Со воведување на одличниот SkyActiv-D 1.5-литарски турбодизел во Mazda 3, јапонскиот производител ќе се обиде да зграби уште поголем дел од колачот на хечбекови во Европа. Модерниот и економичен турбодизел веќе се вградува во Mazda 2 и компактниот CX-3, и според официјалните податоци тој во Mazda 3 ќе троши само 3.8 литри на 100 километри и ќе емитува само 99 грама CO2 на изминат километар.

Малиот, 1.5-литарски турбодизел има четири цилиндри и нуди 105 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Опремена со него, Mazda 3 ќе забрзува до 100 километри на час за 11 секунди и ќе постигнува максимална брзина од 187 километри на час.

Дополнително, Mazda во Женева ќе го донесе и спектакуларниот RX-Vision концепт кој го претстави во Токио. Концептот претставува екстремна интерпретација на KODO дизајнерскиот јазик на Mazda и најавува можен спортски хечбек во иднина.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.