Цврсти премиум чекори – Volvo го претстави новиот S90! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Цврсти премиум чекори – Volvo го претстави новиот S90!

Шведскиот производител го претстави својот нов знаменосец – новиот луксузен седан кој ќе ја носи ознаката S90!

Новиот знаменосец на Volvo, но и моделот со кој брендот цврсто ќе нагази во премиум сегментот е токму новиот S90. Базиран на Scalable Platform Architecture платформата која се користи и кај големиот XC90, новиот S90 ќе ги користи истите мотори како и теренецот, вклучувајќи го и T8 Twin Engine плаг-ин хибридот!

Т8 моделот плаг-ин хибридот ќе има на располагање вкупно 394 коњски сили благодарение на 2-литарски бензинец кој има и Turbo и Supercharger и кој испорачува 318 коњски сили, како и електромотор нуди дополнителни 80 коњски сили, како и генератор од 46 коњски сили. Моќта ќе се пренесува кон сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач, а забрзувањето до 100 километри на час трае само 5.2 секунди. Лепезата на мотори ја дополнуваат S90 T6 со 320 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, D4 со 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, како и D5 со 235 коњски сили и 480 Nm вртежен момент. На овие верзии им требаат 5.8, 8.2 односно 7.3 секунди до 100 километри на час.

Меѓу другите поинтересни детали, ги издвојуваме полу-автономниот Pilot Assist кој може да го држи автомобилот меѓу лентите и на повисоки брзини, системот за детекција на животни на патот, и уште многу, многу други опции.

„Новиот S90 има направено голем чекор во насока на подобрување на возната динамика, перформансите и комфорот. Целосно го редизајниравме искуството при возење на едно Volvo за да испорачаме чувство на прецизност, контрола и комфор“ – изјави Др. Петер Мертенс, одговорен за Истражување и Развој во Volvo.

Поврзано:  Volvo го продолжува животот на XC90


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.