Многу новитети во салонот на Honda на Макпетрол во Скопје – од неодамна е изложен екстремниот Civic Type-R, а деновиве пристигнаа и кросоверот HR-V како и компактниот Jazz!
Малиот Jazz нуди многу флексибилност и практичност. Во моментов се нуди Jazz со 1.3-литарски бензинец со 102 коњски сили и 123 Nm вртежен момент, во две нивоа на опрема – Trend и Comfort. Цената на Jazz Trend е 15.990 евра, а Jazz Comfort е 18.990 евра.
Следен е компактниот кросовер HR-V. Кросоверот на Honda се нуди со бензински или дизел мотор, но само со погон на предните тркала. HR-V се нуди во три нивоа на опременост, и тоа Comfort, Elegance и Executive. Доколку одберете бензинец ќе добиете 1.5-литарски мотор кој нуди 130 коњски сили и 155 Nm вртежен момент, а во зависност од опремата ќе ве чини 20.990, 22.990 или 26.990 евра. Доколку сакате дизел, ќе добиете 1.6-литарски турбодизел кој нуди 120 коњски сили и одлични 300 Nm вртежен момент. Во оваа изведба, во зависност од опремата ќе ве чини 24.490, 25.990 или 29.990 евра.
Конечно, тука е и монструозниот Civic Type-R кој ветува перформанси од кои застанува здивот, а чини 47.990 евра. Овој екстремен хечбек има 2-литарски турбо-бензинец со VTEC кој испорачува 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за 5.7 секунди!