Врвот на понудата на големиот луксузен седан на Audi ја носи ознаката S8 Plus, има 605 коњски сили и максимална брзина од 305 километри на час!
За да ги постигне овие импресивни бројки, инженерите од Audi поработеа на 4-литарскиот твин-турбо V8, и тој сега нуди 605 коњски сили и 700 Nm вртежен момент – 85 коњски сили повеќе од „обичниот“ S8! Кога ќе ја притиснете длабоко педалата за гас, привремениот overboost дополнително го зголемува вртежниот момент на 750 Nm! Секако, моќта се пренесува кон сите четири тркала, а задолжен за преносот е 8-степен автоматски tiptronic менувач. Бројките се навистина импресивни – „стотка“ пристигнува за само 3.8 секунди, а максималната брзина е 305 километри на час!
„Дополнително го затегнавме нашиот голем спортски седан“ – изјави Ulrich Hackenberg – „Новиот Audi S8 Plus има значително повеќе сила и го дефинира врвот на спортските перформанси во сегментот. Затоа зборчето Plus се појавува во неговото име.“
Audi S8 Plus ќе го препознаете по затемнетите задни светлосни групи, стандардните Matrix LED предни светла, како и Floret Silver сребрената боја која е ексклузивно резервирана токму за оваа изедба. Цената? Ако веќе морате да прашате… 145.000 евра во Германија!