Volkswagen ја надмина Toyota; го презема приматот за најголем производител! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ја надмина Toyota; го презема приматот за најголем производител!

Според бројката на испорачани возила, Volkswagen AG го превзема приматот за најголем производител на светот од јапонскиот гигант Toyota!

Volkswagen AG ја надмина Toyota како најголем производител на светот според бројките на испорачани возила во првата половина од оваа година. Според бројките од самите производители, Toyota продаде 5.02 милиони возила, додека Volkswagen пријави 5.04 продадени автомобили. Ако го задржи ова темпо, и остане на првата позиција до крајот на оваа година, Volkswagen ќе стане најголем производител на светот три години пред официјално планираното.

На третото место е General Motors со 4.86 милиони продадени возила во првите шест месеци од оваа година. Оваа бројка е 1.2 проценти пониска во однос на минатата година. Интересно, Volkswagen забележа пораст на продажбата на домашниот пазар, како и во остатокот од Западна Европа за повеќе од 6 проценти, а на истата територија Toyota забележа пораст од 5.7 проценти.

Од другата страна, продажбата во Кина – најголемиот пазар на Volkswagen – падна за 3.9 проценти на 1.74 милиони возила, но тука Toyota постигна одличен раст од 10% на 512.800 возила. Во САД, растот на Toyota изнесуваше 5.6 проценти, додека брендовите на Volkswagen кои се продаваат во Америка – Volkswagen, Audi и Porsche забележаа раст од 2.4 проценти. Тука би можеле да ги видиме и бројките на Bentley, Bugatti и Lamborghini, но овие возила се премногу ексклузивни и се продаваат во премногу мали бројки за да имаат било какво реално влијание.

Според аналитичарите, трката меѓу Volkswagen и Toyota ќе биде блиска. Глобалната индустрија се соочува со стагнација на пазарот во Кина, целосно колабирана побарувачка во Русија, како и намалена продажба во некои пазари во југоисточна Азија и Јужна Америка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.