Германскиот производител ја проширува понудата на Golf со новиот TSI Bluemotion, кој под поклопецот крие 1-литарски турбо-бензинец кој нуди 115 коњски сили!
Малиот три-цилиндерски мотор нуди одлични 115 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, и може да се комбинира со шест-степен мануелен или седум-степен DSG менувач со двојна спојка. Опремен со овој мотор, Golf забрзува „до стотка“ за сосем задоволителни 9.7 секунди и има максимална брзина од 204 километри на час.
Според официјалните податоци, потрошувачката изнесува само 4.3 литри на 100 изминати километри, а емисијата на штетни гасови е 99 грама CO2 на изминат километар. Покрај штедливиот мотор, Golf TSI BlueMotion доаѓа со заден спојлер, спортски-ориентирана суспензија и 15-инчни тркала. Дополнително, купувачите ќе добијат клима уред, старт-стоп систем, автоматски систем за кочење по незгода и XDS електронски диференцијал.