Освежена Seat Alhambra; доаѓа со нови Euro 6 мотори! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежена Seat Alhambra; доаѓа со нови Euro 6 мотори!

Големото повеќенаменско возило на SEAT доби дискретно освежување, но најважен новитет се новите бензински и дизел мотори кои ги исполнуваат Euro 6 нормите!

Alhambra добива нови LED предни ссветла, како и нова маска на ладилникот и нови алуминиумски тркала. Во кабината се забележуваат нов управувач и редизајнирана централна конзола – но значителните измени завршуваат таму.

Она што е важно се новите мотори кои ќе се вградуваат во Alhambra – во понудата сега ќе се најдат само два бензински и три дизел мотори, но сите мотори ги задоволуваат строгите Euro 6 стандарди за еколошка прифатливост. Доколку сакате дизел, можете да изберете 2-литарски TDI со 115 коњски сили кој побарува само 4.9 литри на 100 километри, или пак еден од помоќните дизел мотори со 150 или 184 коњски сили. Ако сакате бензинец, тука се TSI моторите со 150 и 220 коњски сили. За оние кои сакаат малку повеќе флексибилност, 150-коњскиот дизел може да се нарача со 4Drive погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.