Hyundai Veloster RM15 – Велостер со средно-поставен мотор и 300 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai Veloster RM15 – Велостер со средно-поставен мотор и 300 коњски сили!

Концептот на Hyundai претставува визија за тркачки автомобил со средно-поставен мотор за кој се користени напредни технологии и материјали!

Базиран на Veloster RM – концепт кој Hyundai го претстави минатата година – RM15 оди чекор понатаму и нуди примарна структура од алуминиум со каросерски делови изработени од CFRP (Carbon Fibre Reinforced Plastic) со цел да се намали тежината – па спортскиот концепт тежи само 1260 килограми – цели 195 помалку килограми од автомобил изработен од челик.

veloster-rm-15-rear

Студијата доаѓа и со серија аеродинамични подборувања, како и модификации кои ги подобруваат перформансите. Моторот е со зафатнина од 2 литри и благодарение на турбополнач испорачува 300 коњски сили при 6000 вртежи во минута, како и 383 Nm вртежен момент при 2000 вртежи, благодарение на кои RM15 забрзува до 100 километри на час за импресивни 4.7 секунди! Секако, силата се пренесува кон задните тркала, а сето тоа оди преку шест-степен мануелен менувач.

veloster-rm-15-front

Сега за сега од Hyundai нема никаква најава за сериско производство на RM15, но не би биле изненадени доколку некои од овие технологии се најдат во следната генерација на Genesis Coupe.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.