Bentley најавува нов модел со EXP-10 Speed 6 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bentley најавува нов модел со EXP-10 Speed 6

Британскиот производител на ултра-луксузни возила најавува можен нов сериски модел со новиот EXP-10 Speed 6 концепт.

Сега за сега нема никакви информации за тоа што би можело да се крие под поклопецот на моторот, но Speed-6 номенклатурата сугерира нешто со 6 цилиндри. Она што можеме да го видиме е спортски автомобил со класични купе пропорции, многу интересни детали и ентериер од кој застанува здивот.

Луѓето од Bentley особено потенцираа дека од овој концепт би можел да произлезе нов сериски модел кој би се произведувал покрај големиот Bentley Contintenal GT. „Ова не е само спортски концепт – ова е потенцијален спортски автомобил на Bentley – смела визија за брендот со смела иднина“ – изјавија од Bentley.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.