Новата, петта генерација на Opel Corsa вчера ја имаше својата Македонска премиера!
Новата генерација на Corsa – која сега ја носи ознаката Е – ја имаше својата македонска премиера! На забавен настан и на интересен начин новиот шампион на Opel беше претставен пред македонската јавност.
Новата Corsa ветува нови мотори и нови напредни технологии кои сме навикнати да ги гледаме само кај премиум автомобилите – автоматско кочење во град, следење на коловозната лента, паркинг камери, CITY режим на управување, автоматско паркирање, загревање на управувачот, и многу друго – сето тоа може да се добие во новата Corsa – ако ја нарачате таа опрема, секако. Покрај новите технологии, Corsa ќе се нуди и со нови (или ревидирани) мотори, а вниманието го привлекуваат 1-литарските турбо-бензинци кои нудат 90, односно 115 коњски сили, како и економичните 1.3-литарски CDTI турбодизели кои нудат 75, односно 95 коњски сили.
Петтата генерација на Corsа веќе може да се нарача кај македонските импортери на Opel, а ние наскоро ќе имаме можност подобро да се запознаеме со автомобилот.