Оваа пролет започнува продажбата на големиот SUV на Баварскиот производител, па BMW објави нови фотографии од големиот и брз спортски автомобил!
Под поклопецот се крие 4.4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 575 коњски сили меѓу 6000 и 6500 вртежи во минута, но и импресивни 750 Nm вртежен момент – тоа се 20 коњски сили и 72 Nm повеќе од претходниот модел. Моторот работи во соработка со M Steptronic менувач со 8 степени на пренос и ја пренесува силата кон сите четири тркала преку xDrive системот на BMW. Системот дозволува целосно варијабилно делење на силата меѓу предната и задната оска, иако при регуларно возење системот е понаклонет кон задните тркала.
На BMW X6 M му се потребни 4.2 секунди да постигне 100 километри на час, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Според BMW, официјалната потрошувачка изнесува 11.1 литри бензин на 100 изминати километри – но во реалноста тоа е далеку од достижна бројка.