Opel Corsa беше изгласана за „AUTOBEST 2015“, станувајќи првиот автомобил во историјата на AUTOBEST што победил два пати со две свои последователни генерации.
Со вкупно 994 пoени, победникот го престигна – со 88 поени разлика – Hyundai i20, второпласираниот во конкуренцијата. Škoda Fabia беше трета, со вкупно 871 поен, а со 830 поени Citroen C4 Cactus ја затвори AUTOBEST 2015 финалната четворка.
„Новата Corsa докажа дека е голем мал автомобил. Сите членови на жирито ги забележаа аргументите кои го направија новиот Opel `Best Buy автомобил во Европа за 2015`. Новата генерација е смислена еволуција на моделот на Opel кој ја освои AUTOBEST титулата пред седум години. Од дизајнот до брилијантно употребените модерни технологии, новата Corsa претставува пакет ориентиран кон корисникот, подготвен да ги подобри веќе импресивните продажни резултати на претходната генерација. Задоволство ми е да им честитам на сите луѓе инволвирани во создавањето на Corsa – инженерите, дизајнерите, луѓето кои ја произведуваат и другите – за оваа одлична потврда за нивната извонредна работа“ – изјави Г-дин Дан Варди, основач и претседавач на AUTOBEST.