Неодамна дизајнерското студио го претстави Sergio концептот, кој денес е претставен во својата сериска верзија и од кој ќе бидат произведени само шест примероци!
Ferrari го претстави моделот Sergio (кој го носи името на Sergio Pininfarina) во Yas Marina Circuit тркачката патека во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, каде што беше претставен и FXX K. Воедно, прв сопственик на Sergio ќе биде токму SBH Royal Auto Gallery од Обединетите Арапски Емирати.
Моделот е базиран врз 458 Italia Spider, а е придвижуван од 4.5-литарскиот атмосферски V8 кој го придвижува 458 Speciale A, а ги има истите перформанси со овој модел на Ferrari. Ќе бидат направени само 6 од овие автомобили со цел да се прослави 60-годишнината на соработката меѓу Ferrari и Pininfarina.