Освежениот Peugeot 508 претставен и во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Peugeot 508 претставен и во Скопје!

Peugeot неодамна го освежи својот знаменосец – големиот 508 – моделот кој денес беше официјално претставен и во Македонија!

Кај фејслифтираниот 508 веднаш се забележуваат освежената предница која сега изгледа значително поубедливо и позрело, како и новиот заден дел со задни светлосни групи кои се сега попривлечни и модернизирани. Светлата потсетуваат на оние со „три канџи“ кои веќе ги познаваме од поновите модели на брендот, а освеженото возило во целост изгледа помодерно и попривлечно.

Освежена е и внатрешноста – се нудат нови материјали и повеќе внимание е посветено на деталите. Ќе се нудат и нови технологии, како што е „head-up“ дисплеј кој прикажува информации директно на ветробранското стакло, двозонски автоматски клима уред, итн. Во понудата застапени се и нови Euro 6 мотори кои нудат одлична економичност, но и перформанси.

„Новиот Peugeot 508 е симбиоза на стил, ефикасност, перформанси и технологија. Потенцијалните клиенти со нетрпение го очекуваа, а на наше големо задоволство ги повикуваме сите заинтересирани во нашите салони да се запознаат со новиот 508 и направат тест возење.“ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор.

Цените започнуваат од 22.280 евра за 508 1.6 VTi со 120 коњски сили во Allure ниво на опрема, па сè до 38.970 евра за 508 GT 2.2 HDi Auto со 204 коњски сили.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.