Премиера: Mercedes-Benz CLA Shooting Brake – Најмалиот караван на Mercedes! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Mercedes-Benz CLA Shooting Brake – Најмалиот караван на Mercedes!

По долгото најавување и многуте „уловени“ фотографии од новиот Shooting Brake на Mercedes-Benz, германскиот бренд конечно и официјално го претстави CLA Shooting Brake!

Фамилијата на автомобили базирана на A-Class продолжува да расте. По A-Class, CLA и GLA, наскоро на пазарот ќе се нуди и CLA Shooting Brake – односно, караванска изведба на моделот CLA. Луѓето од Daimler секогаш тврдеа дека A-Class фамилијата ќе се прошири кон цела лепеза на мали автомобили – и токму тоа и се случи.

Ова е најмалиот караван на Mercedes-Benz, базиран на CLA, модел кој всушност е продолжена купе-седан изведба на A-Class. Тоа значи дека купувачите ќе можат да изберат меѓу многу различни комбинации на мотори и менувачи:

  • CLA 200 CDI Shooting Brake, 2.1-литарски турбодизел, 136 коњски сили.
  • CLA 220 CDI Shooting Brake, 2.1-литарски турбодизел, 177 коњски сили.
  • CLA 180 Shooting Brake, 1.6-литарски турбо-бензинец, 122 коњски сили.
  • CLA 200 Shooting Brake, 1.6-литарски турбо-бензинец, 156 коњски сили.
  • CLA 250 Shooting Brake, 2-литарски турбо-бензинец, 211 коњски сили.
  • CLA 45 AMG Shooting Brake, 2-литарски турбо-бензинец 360 коњски сили.

Најбрзата верзија – CLA 45 AMG Shooting Brake забрзува до 100 километри на час за само 4.7 секунди. Максималната брзина на овој модел е ограничена на 250 километри на час.

CLA Shooting Brake е автомобил кој по димензии е навистина блиску до C-Class караванот, но сепак е наменет за оние кои сакаат малку постилски изведено и помодерно возило. Од Mercedes-Benz најавуваат багажен простор со капацитет од 495 литри. Тој капацитет дополнително нараснува на 595 литри доколку ги исправите наслоните на задните седишта. Доколку целосно ги преклопите задните седишта, ќе имате на располагање 1354 литри багажен простор – одлично за автомобил долг 4630 милиметри – само 72 милиметри помалку од C-Class караван.

Поврзано:  Електричниот, брутален Mercedes-Benz G580 EQ стигна во Македонија!

Продажбата започнува во Март следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.