Неодамна освежениот CLS на Mercedes-Benz веќе пристигна во салонот на Мак Аутостар!
Викендов имавме можност да ја гледаме последната трка од овогодинешната сезона на Formula 1 токму во салонот на Мак Аутостар и со тимот на Mercedes-Benz заедно да ја прославиме победата на Луис Хамилтон. Како дел од прославата беше претставен и освежениот CLS на Mercedes-Benz.
Црниот купе-седан ја носи ознаката CLS 350 Bluetec – а тоа значи 3-литарски твин-турбодизел V6 кој испорачува 258 коњски сили и одлични 650 Nm вртежен момент, доволни за 100 километри на час да пристигнат за само 6.5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.