Претставена новата Mazda CX-3, пристигнува следната пролет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена новата Mazda CX-3, пристигнува следната пролет!

Mazda го претстави својот малечок SUV кој официјалното деби ќе го има во Лос Анџелес следната седмица, а продажбата ќе започне во првата четвртина од следната година!

Како и другите модели на Mazda, и новиот CX-3 го користи Kodo дизајнерскиот јазик. Малиот кросовер е базиран на Mazda 2 и со него дели и детали од ентериерот, но тоа воопшто не е критика. Го делат и меѓуоскиното растојание од 2570 милиметри, но кросоверот е значително подолг (215 милиметри) и е долг цели 4275 милиметри.

CX-3 ќе се нуди со погон на предните или на сите тркала. Во САД Mazda CX-3 ќе се нуди со 2-литарскиот SKYACTIV-G бензински мотор, додека на другите пазари ќе се нуди и новиот 1.5-литарски SKYACTIV-D турбодизел, за кој Mazda понатаму ќе објави дополнителни детали. Купувачите ќе можат да изберат меѓу SKYACTIV-MT мануелен менувач или SKYACTIV-Drive автоматски менувач.

Официјалната премиера е закажана за саемот на автомобили во Лос Анџелес, а продажбата ќе започне на пролет следната година, кога ќе бидат објавени и цените за Европскиот и Северно-Американскиот пазар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.