Дизајнерот од Битола – Никола Војновски – чии цртежи во неколку наврати веќе ги објавувавме ни го претстави процесот низ кој помина при редизајнирањето на BMW E21!
Никола Војновски, односно ExtremeBt веќе неколку пати се појавил на нашите страници со неговите одлични цртежи на класични возила. Неговите цртежи се покажаа како популарни и вистински хит меѓу Македонските вљубеници во автомобилите, а овој пат Никола нацрта свој концепт за тоа како би изгледала верзија на BMW E21 во 21-виот век!
Интересно, нели? Ние секогаш со нетрпение ги очекуваме новите цртежи на екстремниот Битолчанец! Како и секогаш, можете да видите повеќе на неговиот DeviantArt профил.