Кинескиот Qoros го најавува новиот хечбек, кој ќе се вика едноставно 3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кинескиот Qoros го најавува новиот хечбек, кој ќе се вика едноставно 3!

Кинескиот производител со Израелски партнери ја проширува својата гама – она што денес го најавија е новиот хечбек!

На автомобилскиот саем во Женева, Qoros ќе го претстави новиот Qoros 3, кој всушнот е базиран на седанот со истото име. Дизајнот, особено на предниот дел е многу сличен како оној на седанот, но веќе значително се разликува кај задниот дел, кој нам навистина ни се допаѓа. Интересно и привлечно изведениот заден дел го прави Qoros 3 да биде привлечен и модерен, но без екстравагантни и непотребни линии кои некако се навикнавме да ги очекуваме кај автомобилите со кинеско потекло.

qoros-3-rear

Со овој модел, Qoros се надева дека ќе успее да привлече помлади  купувачи кои сакаат малку повеќе практичност благодарение на хечбек каросеријата. Qoros 3 ќе дојде и со 8-инчен мултимедијален уред кој се нарекува Qoros MMH (Multi-Media Hub) и уште многу други интересни модерни технологии. Купувачите ќе можат да изберат меѓу два 1.6-литарски мотори, од кои едниот е со турбо полнач. Тие испорачуваат 125 и 154 коњски сили, соодветно.

Qoros неодамна го привлече вниманието со Qoros 3 – автомобил кој беше прогласен за најбезбеден од сите автомобили тестирани минатата година на EuroNCAP тестовите за безбедност.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.