Претстојната Gran Coupe изведба од BMW Серија 4 е откриена преку патент цртежи, пред нејзиното дебитирање на автомобилскиот саем во Женева наредната година.
Како што може да се забележи од цртежите, четири-вратната Серија 4 Gran Coupe се одликува со подолг заден прозорец кој се слева со багажникот, дизајнерска одлика која визуелно ја зголемува страничната дизмензија на автомобилот. Развлечениот и динамичен дизајн на профилот, му дава на автомобилот полуксузен изглед покрај тоа што нуди повеќе место за патниците во кабината.
Ова ќе биде третиот модел кој ќе носи ознаката 4 после купе и кабриолет варијантите, а ќе се појави на пазарот во Јуни 2014. Автомобилот е четири сантиметри подолг од Серија 4 Купе и висок вкупно 1.4 метри. Тој ќе се нуди во 420i, 420d, 428i и 435i конфигурации.