GM ќе го повлече Chevrolet од Европа, ќе се концентрира на Opel – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GM ќе го повлече Chevrolet од Европа, ќе се концентрира на Opel

Автомобилскиот гигант објави дека до крајот на 2015 целосно ќе ја прекине продажбата на Chevrolet во Европа.

Под-претседателот на GM – Steve Girsky – денес го најави повлекувањето на Chevrolet од Европа. Според него, Chevrolet веќе нема да биде присутен во западна и источна Европа заради тешкиот бизнис модел, но и моменталната ситуација во Европа. Дополнително, Girsky изјави дека повлекувањето на Chevrolet од Европа би требало да го забрза напредокот на GM во регионот.

Chevrolet ќе продолжи да се продава во Русија, каде е 5ти најпродаван бренд во земјата, позади Lada, Renault, Kia и Hyundai. Годишно Chevrolet успеваше да продаде околу 200.000 возила на стариот континент. Според статистиките, минатата година продадоа 186.000 возила во Европа, додека годинава тие бројки се опаднати за 15%. Истовремено, Opel/Vauxhall забележа пад на продажбата од само 3%.

chevrolet-cruze

Во моментов, Chevrolet се продава во околу 1900 застапништва ширум Европа и околу половината од тие застапништва истовремено продаваат и автомобили на Opel. Според предвидувањата, повлекувањето на Chevrolet од Европа ќе го чини GM околу 1 милијарда долари. GM исто така нагласи дека оваа одлука нема да влијае на соработката со PSA Peugeot Citroen.

Истовремено, аналитичарите предвидуваат дека Opel можеби нема има директни придобивки од повлекувањето на Chevrolet. Според Jurgen Pieper од Bankhaus Metzler, иако постоеше директна внатрешна конкуренција меѓу Chevrolet и Opel, не мора да значи дека купувачите на Chevrolet сега ќе се префрлат кон Opel. GM секако се надева дека купувачите на Chevrolet ќе се завртат кон Opel, но што ако тие отидат во насоката на Dacia или кон некој од корејските производители – нагласува Frank Schwope од NordLB.

Она што ние можеме да го кажеме е дека овој потег не е неочекуван. Chevrolet никогаш не ги исполни очекувањата на GM за Европа и успешно ја канибализираше продажбата на Opel. Загубите на GM во Европа од 1999 до сега изнесуваат 18 милијарди долари – очигледно е време за драстични мерки.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.