Наскоро ќе се појави Gran Turismo 6, и со желба да понуди вистинска визија за една визионерска симулација, Mercedes-Benz го подготви AMG Vision Gran Turismo!
Овој концепт играчите на Gran Turismo ќе можат да го пробаат во новата, шестта едиција на оваа супер-популарна игра. Екстремните пропорции и сензуалните контури му даваат живот на концептот кој е придвижуван од AMG мотор кој испорачува 585 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Овој концепт ќе ја има и својата вистинска премиера и во реалниот свет на 19ти Ноември при отворањето на новиот Mercedes-Benz Research & Development Center во Sunnyvale, California.
Со желба да го прослави 15-тиот роденден на Gran Turismo, креаторот на овој серијал симулатори – Kazunori Yamauchi – побара од светските водечки компании и дизајнери да погледнат кон иднината и да размислуваат со идејата „Vision Gran Turismo“ додека работат на своите концепти. Mercedes-Benz AMG Vision Gran Turismo е резултат на токму таквото размислување – концептот го придвижува навистина моќен мотор, а автомобилот тежи само 1385 килограми. Експертите од AMG подготвија и специјален звук за AMG Vision Gran Turismo во кој возачите на Gran Turismo 6 ќе можат да уживаат.