Qoros 3 е првиот Кинески автомобил со пет ѕвездички на Euro NCAP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Qoros 3 е првиот Кинески автомобил со пет ѕвездички на Euro NCAP!

Кинеските возила се редовна тема на исмејување кај нашите возачи, но конечно еден Кинески автомобил постигна задоволителни резултати на стандардизираниот тест за безбедност.

Она што е импресивно е дека Qoros 3 не само што ги освои максималните 5 ѕвездички при тестирањето, туку истовремено ги освои најдобрите комбинирани резултати од сите модели тестирани оваа година! Автомобилот освои импесивни 95% за возрасни патници, 87% за деца, 77% за заштита на пешаци и 81% за асистенција на безбедноста, односно за електронските безбедносни системи кои се стандардна опрема во секој Qoros 3.

qoros-3-euro-ncap-scores

Израелско-кинеската компанија се подготвува за лансирање на својот бренд во Европа, а ова е нивниот прв сериски автомобил. Ако уште првиот автомобил има вакви резултати, сигурни сме дека пробивањето на Европскиот пазар ќе оди многу полесно, и со помалку стигма која вообичаено ги следи кинеските модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.