Kia ги објави првите фотографии од нивната дизајнерска визија за компактен кросовер, кој ќе биде претставен на автомобилскиот саем во Франкфурт.
Концептот наречен Niro прикажува како би требало да изгледа претстојниот градски кросовер од Kia, кој ќе конкурира во класата на Nissan Juke. Според фотографиите, автомобилот ќе се одликува со впечатлив изглед, најмногу поради црната каросерија и контрастниот челичен покрив, како и зелените детали.
Дизајнот е дело на главниот дизајнер на Европскиот оддел на Kia, Грегориј Гијом, а е создаден специјално за Европскиот пазар. Исто така, концептот Niro треба да прикаже нов иновативен вид на погон, кој најверојатно ќе биде хибриден.