Германскиот бренд објави дека ќе претстави нов Quattro концепт на автомобилскиот саем во Франкфурт.
Новиот концепт ќе биде поставен на значително пократка платформа од RS7, за разлика од концептот од 2010 кој беше базиран на RS5. Моделот ќе претставува Plug-In хибрид и биде погонуван од 4.0-литарски V8 твин-турбо агрегат кој развива 600 кс усогласен со електромотор кој ќе овозможува дополнителни 170 кс.
Овој распоред ќе му овозможи на авомобилот да располага со комбинирана испорака на сила од речиси 800 кс и 1,000 Nm вртежен момент, кои ќе бидат пренесувани кон подлогата преку постојан погон на сите четири тркала. Како резултат на овие бројки се очекува забрзување од 0-100 км/ч за 3.4 секунди и максимална брзина од 300 км/ч.
Концептот исто така ќе биде опремен со прилагодлива суспензија, диференцијал со ограничено пролизгување и керамички сопирачки. Се очекува негова сериска верзија во ограничен број да биде претставена во 2016, со почетна цена од 200,000 евра.