Официјално: Volkswagen Design Vision GTI Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen Design Vision GTI Concept

Volkswagen претстави екстремна верзија од седмата генерација на Golf GTI како дел од активностите на овогодишниот Wörthersee собир во Австрија.

Design Vision GTI се одликува со агресивен дизајн кој ги истакнува оргиналните GTI стилски елементи. Тој е за 15mm пократок, 71mm поширок и 57mm понизок од стандардниот Golf GTI. Неговиот широк бодикит со многу отвори за вентилација вдомува 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во пневматици со големина 235/35 напред и 275/30 на задната оска.

Несекојдневната појава ја дополнува 3.0-литарскиот твин-турбо бензински V6 мотор кој го заменува стандардниот 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат со 220 кс во основниот пакет и 230 кс во Performance Edition. Шест-цилиндарскиот мотор испорачува 503 кс и 560 Nm вртежен момент помеѓу 4,000 и 6,000 вртежи во минута.

Агресивниот GTI доаѓа со DSG менувач со двојна спојка и погон на сите тркала. Ова го прави способен да постигне забрзување од место до 100 км/ч за само 3.9 секунди и максимална брзина од 299 км/ч.

Силата на сопирање доаѓа од керамички диск сопирачки на сите четири тркала, со 380mm дискови напред и 356mm дискови назад. За подобра стабилност концептот располага со нова подобрена суспензија со повисоки перформанси и поширок траг на тркалата.

Навистина се мали шансите за ваков модел да излезе во производство, но ако ништо друго, би можеле да видиме некои од елементите на Design Vision GTI кај идните модели на Volkswagen.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.