Пред неколку дена официјално беа објавени осумте финалисти во изборот за овогодинешниот автомобил на годината во Македонија!
Националното изборно жири ги избра следните финалистите, кои имаат подеднакви шанси да се закитат со престижната награда:
- Dacia Lodgy
- Great Wall Hover H5
- Kia Optima
- Mercedes-Benz A-Class
- Mitsubishi Outlander
- Peugeot 301
- Seat Leon
- Honda Civic
Жирито, кое е составено од реномирани автомобилски новинари од различни медиуми во Македонија, во моментов ги извршува последните тестови и анализи на кандидатите според следните критериуми:
- Адекватност и понуда на домашниот пазар.
- Економичност и еколошка прифатливост.
- Безбедност и примена на технолошки достигнувања.
- Возни својства.
- Дизајн и комфор.
- Опременост.
Победникот ќе биде познат во првата половина од идниот месец, а истовремено по втор пат ќе биде доделена и наградата за SUV на годината – категорија која е сé попопуларна како во светот, така и кај нас.
Оваа година по 18-ти пат ќе биде избран автомобилот на годината за Македонија. Досегашните победници се Fiat Bravo/Brava (1996); Renault Megane (1997); Opel Astra (1998); Škoda Octavia (1999); Fiat Punto (2000); Seat Leon (2001); Toyota Corolla (2002); Mazda6 (2003); Mazda3 (2004); Seat Altea (2005); Volkswagen Passat (2006); Opel Corsa (2007); Kia Cee’d (2008); Volkswagen Golf (2009); Opel Astra (2010); Hyundai ix35 (2011) и Kia Rio (2012).
Доколку сакате, можете да се вклучите во дискусијата за изборот на автомобил на годината во Македонија за 2013 на нашиот форум, каде што можете да го дадете вашиот глас во нашата анкета!