Hyundai објави враќање во Светскиот Рели Шампионат – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai објави враќање во Светскиот Рели Шампионат

После девет години пауза Hyundai реши повторно да земе учество на Светскиот Рели Шампионат со нивниот WRC i20!

Корејскиот автомоблски производител на Саемот во Париз објави дека ќе се вратат во битката за првото место на Светскиот Рели Шампионат. Претходниот обид на Hyundai со Accent WRC не ги постигна резултатите кои тимот ги очекуваше, поради што се повлекоа во 2003. Сепак, после толку време тие успејаа да создадат нивен тим во Европа и да учествуваат во шампионатот.

Резултат на ова е WRC i20 кој ја направи својата премиера во текот на вчерашниот ден на Саемот во Париз и ќе се натпреварува против Ford Fiesta, Citroen DS3, Volkswagen Polo и Mini Copper Countryman на специјални патеки околу светот.

Иако компанијата не откри детали за i20 WRC, правилата на FIA гласат дека учесниците мораат да се базираат на сериски автомобил и да располагаат со 1.6-литарски турбополнет агрегат, погон на сите тркала, секвенцијална трансмисија и аеродинамични делови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.