Hennessey е еден од најамбициозните тјунери во светот, знаејќи ги автомобилите кои тие ги направија досега – како Venom GT или CTS-V Coupe.
Нивниот најнов проект е исто така импресивен и базиран на CTS-V Coupe, но овојпат со 7.0-литарски алуминиумски V8 агрегат кој испорачува фасцинантни 1,226 кс при 6,400 вртежи и 1,501 Nm вртежен момент при 4,000 вртежи во минута.
Со толкава сила, автомобилот забрзува од место до 100 км/ч за само 2.9 секуди, достигнувајќи 389 км/ч максимална брзина. Четвртина милја се поминува за 10.2 секунди со завршна брзина од 227 км/ч, што му дозволува на John Hennessey да верува дека автомобилот е побрз од претстојниот Bugatti Galibier.
Тој има желба да ја демонстрира максималната брзина на Volkswagen-овиот круг за високи брзини во Ехра-Лајсен за да му ги докаже на извршниот директор на Bugatti, Волфганг Дурхајмер импресивните перорманси на ова високо модифицирано CTS-V Coupe.
Hennessey планира да произведе само 12 примероци од овој ѕвер, но добрите вести се дека тјунерот ќе го нуди овој пакет и за CTS-V седан и караван варијантите.