Американската двојка, John и Helen Taylor постигнаа нов рекорд во измината километража со само еден резервар гориво.
Управувајќи стандарден Volkswagen Golf TDI, овој пар успеал да помине 2.616,9 км со само еден резервар дизел. Ова растојание го надмина претходниот рекорд од 2,456.8 км кој беше поставен од Volkswagen Passat 1.6 BlueMotion.
Во текот на тридневното патување, семејството Taylor патувало во реални возачки услови и носело со себе 54,4 kg багаж. Покрај разните предизвици, John и Helen успеале да постигнат средна потрошувачка од импресивни 2.8 литри на 100 километри.
Извор: Volkswagen USA